Долговите кои ни ги оставија не се отплаќаат за 6 месеци

Многу добро го разбирам тој ревносен порив за правда и промени. Всушност и самиот истиот го споделувам.

Но, Рим не бил изграден за три дена. Долговите кои ни ги оставија не се отплаќаат за 6 месеци. Парадоксалните закони не се менуваат преку ноќ, особено не кога имате 10 опозиции место една. Тромавата и некомпетентна администрација нема да покрене тек така лесно. Еве ни локалните избори никако да завршат.

Пред нас се тешки битки, истовремено на повеќе фронтови.

Затоа секоја добронамерна критика и анализа која претендира да соодветствува на вистината мора да го земе предвид целиот контекст и ситуацијата во која Режимот ја доведе земјата.

Драган Алчинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e