ЦИВИЛ во шок!

ЦИВИЛ-ите се во „шок“ од веста објавена во куртонските медиуми дека претседателот Џабир Дерала е дел од советничкиот тим на Владата. Ние мислевме дека нашиот претседател е затворен дома или во канцеларија и привршува со извештајот за утрешната промоција за локалните избори.

Откако куририте ни ги „отворија“ очите дека нашиот претседател истовремено е и советник во Влада, се чувствувавме „некако како потресено“! Особено бевме шокирани дека Дерала (ќе) го смени својот имиџ и (ќе) „прифати“ да носи кошула и вратоврска…?!

Тој веста ја дочекал со многу смеење, ниту тој не знаел дека е советник. Меѓутоа разликата е во тоа дека на неговата сметка нема префрлено пари „по грешка“, како што Министерството за култура му префрлиле 100 000 денари повеќе пари на детето што во војничка униформа пее за лидерот на УЧК, Адем Јашари. Ма што знае дете што се 100 000 денари! Или Bernays Propaganda коишто исто така не знаат дека ќе имаат концерт а Македонската Филхармонија добила 4000 евра од Министерството за култура за тој концерт?!?

Туку, ние очекувавме подлабински одговор од претседателот, или во крајна линија ќе бевме задоволни ако одговореше во стилот на Груевски – оти сега не е време да се бавиме со неговото „советничко место“, бидејќи името се менува!

Меѓутоа од „наши извори“ дознаваме дека утре Џабир Дерала ќе биде на промоција на публикацијата „Слободни избори: Научени лекции“, која ќе се одржи во Public Room (50та дивизија, 22), со почеток во 13 часот.

Па бујрум „истражувачки“ новинари „упаднете“ на промоцијата и прашајте го што ве интересира, не го барајте по владините ходници!

Дехран Муратов

Цивил медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e