Бранко Коцкица, „Гркот Зорба“ и други легенди

Тажно е како некои легенди самите себеси се трансферираат во дегенди, играјќи сиртаки пред олтарот на национализмот, глумејќи дворски шут во дворците на злосторничките здруженија, коцкајќи се со интелектуелен капитал создаван цела една кариера или едноставно правејќи се недоветен во игра на перверзни забуни – носејќи им вода на жедните за крв или пеејќи им арии на увце на луѓе кои од музика најмногу (би) слушале калашникови.

Притоа, внимателниот геометричар на злото правилно ќе забележи дека колку се поголеми габаритот и величината на дадената уметничка фигура, толку потешко таа излегува од чмарот на закоравениот конзервативизам. Заглавени така со главата надолу, со секое преткање со нозете само уште повеќе тонат во цревната флора на режимот на кој доброволно му се предале.

Заглавувањето е со трајни и историски последици по споменот, особено ако персоната ја има несреќата да е долговечна, а неуметничките лукративни пориви да му растат правопропорционално со годините, наталожувајќи цревен материјал врз своите капитални или помалку капитални уметнички дела.

Наместо мртви да ги закопаат меѓу великаните, „односниве“ величини, самите живи се закопуваат во септичката јама на злосторите што ги поддржале.

Спротивно на ликот-космополит, инспирација за неговата музика, на неделните протести во Атина, Теодоракис се искачи на гајбата на национализмот и диригираше со омразата кон земјата во која Зорба ги помина најубавите боемски години

Пролетта 1922 г. на скопската железничка станица, од возот кој стигнал од Солун, слегол еден мустаќлија. Непознатиот се распрашувал каде се наоѓа хотелот „Ловец“. За рака држел 10-годишно девојче, им ја кажал адресата на носачите и тргнал по улицата „Крал Петар“ која почнувала речиси од перонот.Следните две десетлетија, сè до смртта, Јоргос Зорбас ќе ги помине во Скопје и ќе биде запаметен по саботните пијанки низ месните кафеани, посебно во гостилницата „Маргер“. Сето тоа, а и она што го работел пред доаѓањето во градот на Вардар, ќе останело на скопските гробишта Бутел да не бил Никос Казанѕакис кој неговиот живот и доживувања ги опишал во романот „Доживувањата на Алексис Зорбас“, по кој подоцна ќе се сними и филмот „Гркот Зорба“  што светски ќе го прослави композиторот Микис Теодоракис.

 

Целата колумна на Сашо Кокаланов објавена на Призма прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ