Бранко Јаневски пак во игра

Партијата на мафијашот Бранко Јаневски СПДМ, која се прослави со поставувањето двојници на кандидатскит листи, со јасна намера за измама на избирачите од СДСМ, и кој за тоа кривично дело не одговараше до сега, и за локалните избори истакнала кандидати за градоначалници и листи.
Таа измамничка партија чиј лидер, Грујо за награда секогаш го поставуваше за директор во Министерството за труд и социјална политика, сега го добила и бројот 1 за локалните избори.
Во сите финансиски извештаи на таа партија поднесени до ДИК стои дека партијата нема ниту приходи ниту расходи.
Очигледни друг ја плаќа измамничката улога.
Но тоа за ДИК изгледа и натаму не е проблем.
А јас мислам дека толерирањето на таков вид измами и покрај промената на составот на ДИК и на власта е сосема погрешно.
Тоа ги охрабрува подлеците да мислат и натаму дека неказнето можат да му служат на злото.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e