Бакрачевски бил деградиран?

Ја следам медиумската приказна за екс градончалникот на Охрид инаку кардио хрургот Бакрачевски. Новата директорка го деградирала го ставила шеф на оделението за доплери а медиумски тоа беше чинам искрикирано дека му дала место на ниво на медицинска сестра.

Се потрудив од пријатели во Охрид медицинари се разбира да прашам чинам не е баш се така. Директорката има вина за поставување на нејзиниот сопруг за раководител, колку и да е стручен и да го заслужува тоа, има конфлкт на интереси и за тоа требе и критика и се разбира да го промени тоа. За Бакрачевски искрено а и пријателите ми велат дека нема ништо спорно. Тој е назначен за шеф на одделот за доплери и за тоа зима додаток на платата а инаку работи како кардио хирург, продолжил и веке ставал стентови. Значи не му е забранета операционата сала, напротив… Ова го пишувам оти ми се мачи од кукања и дозирани информации. Бакрачевски има право да се лути, негова работа си е тоа но белким не очекуваше пак да биде директор на кардиолосскиот завод. Тој како професионалец ете ке си работи не смее да му фали ништо во работата ама пак ако очекувал за неговата величина стаклена витрина, е тука навистина го обесправиле. Некако целава работа ми е пренадувана и да бидам искрен ми заличува на суетна работа.

Докторе, пациентите ги имате, апаратите и операционите сали исто, помагајте,лечете ги, директор секогаш неможе да бидете но добар кардио хирург каков што велат дека сте, ке бидете оти тоа е ваше не е дадено од партија.

Ацо Кабранов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e