Зимските олимпски игри директно на програмата на МТВ

Зимските Олимписки игри кои ќе се одржат во Пјонгчанг од 9 до 25 февруари ќе бидат директно пренесувани о д Македонската радио телевизија, соопшти денеска МТВ.

„По долги и исцрпувачки преговори со Дискавери кој е официјалниот носител на правата за Олимписките игри на територијата на Европа во периодот 2018-2024 вложивме максимални напори и успеавме да издејствуваме поволни услови, врз основа на коишто ќе остане главниот промотор на олимпизмот и на олимпиското движење во земјава“, велат од МТВ.

Поради цената на телевизиските права која е далеку повисока во однос на цената од претходните олимпијади, МРТ успеала да склучи договор на само три дена пред почетокот на 23 Зимски Олимписки игри во Пјонгчанг.

„Од 9 до 25 февруари, на МТВ-1 и на МТВ-2, гледачите ќе можат да уживаат во околу 150 часа ексклузивна премиерна програма од најатрактивните случувања на снежните терени во Пјонгчанг. Директни преноси ќе одат од натпреварите во алпско скијање, хокеј на мраз, уметничко лизгање, скијачки скокови, бијатлон и во нордиско скијање. Поради временската разлика со Кореја од осум часа, дел од натпреварите ќе се емитуваат одложено во попладневните и во вечерните часови“, соопштуваат од националниот сервис.

Сепак од  МРТ велат дека нема да ги заборави ниту вообичаените спортски настани. Во редовните термини ќе бидат емитувани и преносите од фудбалската Лига на шампионите и од Лига Европа, од ракометната Лига на шампионите во двете конкуренции, од ракометната СЕХА лига, како и од завршниот турнир на кошаркарскиот Куп на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e