Започнуваат четвртфиналните дуели од Европското првенство

Денеска и утре започнуваат четвртфиналите натпревари од Европското кошаркарско првенство во Истанбул, Турција. Денес ќе играат двете непоразени репрезентации од Европското првенство, селекцијата на Шпанија и селекцијата на Словенија. Шпанците ќе се сретнат со Германците додека Словенците ќе ги вкрстат силите со Летонците. Победниците од четвртфиналните средби ќе играат во полуфиналето. Утре, се среќаваат репрезентацијата на Грција со Русија, а после тоа играат Србите против Италијаните. Натпреварите ќе може да се гледаат на кабловскиот програм на Спорт Клуб (www.sportklub.com)

Денес, 17:45 часот Германија – Шпанија, 20:30 часот Словенија – Летонија.

Среда, 17:45 часот Грција – Русија, 20:30 часот Србија – Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e