Започнува новата сезона од Лигата на шампионите

Денеска стартуваат возбудувањата од елитното Европско клупско натпреварување, започнува новата сезона од Лигата на шмпионите.

32 екипи поделени во осум групи го започнуваат својот европски пат. Реал Мадрид го брани трофејот кој ќе го напаѓаат повеќе кандидати.

Денеска се играат првите натпревари од Лигата на шампионите, а најинтересно се чини дека ќе биде во Париз каде што ПСЖ го пречекува тимот на Арсенал.

Сериозен тим и претендент за тронот оваа сезона треба да биде и Манчестер Сити кој предводен од Пеп Гвардиола добива сосема нов лик. Тие вечерва го пречекуваат тимот на Борусија Менхенгладбах.

Бранителот на трофејот, Реал Мадрид утре го започнува својот настап, прв противник е Спортинг Лисабон, мечот се игра на Бернабеу.

Интересно ќе биде да се види и дебито во Лигата на шампионите на Лестер, како англискиот тим ќе се снајде во елитното клупско натпреварување. Добија релативно лесна група која ја почнуваат со гостување кај Бриж.

Денешни натпревари:

ПСЖ – Арсенал

Базел – Лудогорец

Динамо Киев – Наполи

Бенфика – Бешикташ

Манчестер Сити – Менхенгладбах

Барселона – Селтик

Баерн Минхен – Ростов

ПСВ – Атлетико Мадрид

Утре играат: 

Тотенхем – Монако

Леверкузен – ЦСКА Москва

Легија – Борусија Дортмунд

Реал Мадрид – Спортинг Лисабон

Клуб Бриж – Лестер

Порто – Копенхаген

Лион – Динамо Загреб

Јувентус – Севиља

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e