ВОНРЕДНА ВЕСТ: Сепак има надеж Кире да игра против Чешка и Данска!

И покрај утринските шпекулации од страна на ЕХФ преку нивните социјални мрежи дека Европското првенство за најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е завршено, сепак и тоа како отворена е можноста Македонија до крајот на шампионатот повторно да смета на својот капитен, објави спортскиот портал ЕКИПА.

-Лазаров ги заврши деталните лекарски прегледи во Загреб, на повредениот мускул, по што, како што дознаваме, првичните реакции се дека постои сериозна надеж дека ќе биде на располагање на селекторот Раул Гонзалез за последните два натпревари од групата во Вараждин, објави ЕКИПА.

Според последните информации, повредата на Лазаров сепак не е со тежина за каква првично се стравуваше поради што од РФМ веднаш се ангажирани врвни медицинска лица од регионот.

Повеќе прочитајте на ЕКИПА.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e