(Видео) Каталонските медиуми обвинуваат, Раш го наместил ждребот на Реал Мадрид во ЛШ

Ново обвинувања за местење на ждрепката во Лигата на Шампионите, во центарот на вниманието сега е легендата на Ливерпул, Јан Раш.

Пред неколку месеци, поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер јавно призна дека со ладни и топли топчиња се имаат наместено ждрепки за натпреварувањата под капа на УЕФА, и ги потврди сомнежите на фановите.

По ждрепката во четвртокот за групната фаза од Лигата на Шампионите, веднаш почна да се пишува дека е наместена.

Прв на удар беше Роберто Карлос, Бразилецот во еден момент зема едно топче, но потоа веднаш го врати во садот, ги промеша топчињата и зема ново топче.

Сега прстот е вперен кон Јан Раш, легендата на Ливерпул,кој и онака беше во центарот на вниманието бидејќи мака мачеше да ги отвори точињата.

Каталонските медиуми обвинуваат дека тој го наместил ждребот на Реал Мадрид.

За нив спорен е моментот кога Јан Раш при отварањето на топчето, хартијата ја зeма со левата рака, потоа ги спушта рацете да го остави топчето и кога ја крева хартија да ја покаже на камерите ја држи со десната рака.

Извор 24фудбал(линк)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e