(ВИДЕО) Во борбата на векот Мејведер со технички нокаут го победи Мекгрегор и ја заврши кариерата со резултат 50-0

Во борбата која според медиумите беше најавувана како „Борба на векот“, Флојд Мејведер со технички нокаут го совлада Конор Мекгрегор во 10. рунда.

„Борбата на векот“ беше најавувана со месеци, беше рекламирана низ целиот свет, а амбиентот во Лас Вегас синоќа беше вистински спектакл, со извондредна организација и во сала полна од светски познати личности ветеранот Мејведер се бореше против неискусниот боксер Мекгрегор.

Ирецот Конор Мекгрегор добро се држеше во првите три рунди и храбро возвраќаше на нападите на искусниот Мејведер, меѓутоа сепак после третата рунда, искуството и квалитетот на американецот излегоа на виделина и тој покажа зошто нема ниту еден пораз во неговата професионална кариера.

Борбата беше прекината во 10. рунда од страна на судијата Роберт Бирд откако процени дека Мекгрегор веќе нема сила да се спротивставува на Мејведер.

– Ова беше мојата последна борба. За последната борба го избрав вистинскиот партнер, Конор ти си шампион, рече Мејведер кој ќе ја заврши својата кариера со рекорд од 50 победи и ниту еден проаз.

– Беше тесна битка, мислам дека го имав во првите рунди, но тој ја превзеде иницијативата некаде на средината и се до крајот, рече поразениот Мекгрегор.

Ирецот се пожали на тоа што борбата била прекината во 10. рунда. Спроед него неговиот замор судијата погрешно го проценил, но дека сепак бил поразен.

– Судијата можеше да ја продолжи борбата, да ме оставеше да паднам. Требаше да го остави човекот да ме нокаутира. Бев лабав од замор, од што немав многу енергија, не од повреди, рече Мекгрегор.

Во продолжение погледнете ги најдобрите моменти во првото, и целосниот меч во второто видео

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e