(ВИДЕО) Тричковски постигна маестрален гол со „ножички“, па ги збуни и судиите

АЕК Ларнака го испушти врвот во првата фудбалска лига на Кипар, откако оваа вечер во дерби пресметката со Аполон беше поразен со сигурни 1:3 на домашен терен.

Тимот за кој настапуваат и нашите интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов непосакувано ја стартуваше новата 2017 година, со тоа што вреди да се напомене дека еден од македонските фудбалери изведе потег кој предизвика бунило на теренот.

Тричковски со маестрални „ножички“ успеа да го совлада противничкиот голман и да намали на 1:3 во 30-та минута, а неговиот потег ги збуни и кипарските судии кои мораа да се консултираат извесно време за тоа дали да го признаат погодокот.

На крајот беше донесено одлука дека не станува збор а офсајд ситуација, што секако беше правилна одлука со оглед на тоа што еден од дефанзивците на Аполон ја удри топката пред истата да дојде до македонскиот напаѓач.

Инаку, ова за популарниот Тричко беше трет гол во серија на Кипар, по оние два кои ги постигна на натпреварите против Ахна, односно Кармитиоса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e