(Видео) Се надмина самиот себеси: Монфис стигна да ја заврзе патиката додека траеше поенот и го изнасмеа цел свет

Мечот меѓу Гаел Монфис и Маркос Багдатис донесе неколку спектакуларни поени, но и несекојдневни и несфтатливи потези кои едноставно можат да ги изрежираат само овие двајца тенисери.

Ако доцна во ноќта вистински хит беше потегот на Багдатис кој за време на паузата меѓу гејмовите се занимаваше со својот мобилен телефон, сега огромна атракција на социјалните мрежи е францускиот шоумен кој едноставно се надмина себеси на овој меч.

Монфис го доби дуелот со убедливи 6:3, 6:2 и 6:3, но пронајде начин како да ја забавува и прописно да ја изнасмее цела публика. При една подолга размена со Багдатис, Монфис пронајде време да ги заврзува своите патики додека уште трае поенот, а тоа секако наиде на голема смеа и кај самиот тенисер кој понекогаш делува како мислите да не му се на тенискиот терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e