(ВИДЕО) Роналдо со директна замерка до Рамос по голот на Јоветиќ: Мора да ја вклучиме главата, смирено да му…

Кристијано Роналдо никогаш не ги прифаќа лесно поразите, а таков беше случајот и пред два дена кога неговиот Реал Мадрид во рок од само седум минути прокоцка три бода и победа на гостувањето на „Санчес Писхуан“.

Севилја успеа да направи пресврт со автоголот на Серхио Рамос и погодокот на Стеван Јоветиќ во 92-та минута, а тоа го фрли во очај Роналдо кој според објавеното видео до „Кватро“, имал и директни замерки до Серхио Рамос.

Роналдо обично секогаш го искажува своето незадоволство до оној кој има најголем авторитет во тимот, но овојпат не доби одговор од капитенот кој очигледно беше уште понервозен и премолчи во дадената ситуација.

– Мора да играме повеќе со главата, мораме да играме фудбал и да ја движиме топката. Смирено да му е… , – се дел од зборовите кои ги испрати големата ѕвезда на Реал по голот на Јоветиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e