(ВИДЕО) Реал Мадрид ја освои светската титула, срамната одлука на судијата во 90. минута го оцрни финалето

Реал Мадрид ја освои титулата на светското клупско првенство, но покрај феноменалната голеада и конечниот резултат 4:2, за жал финалето ќе се памети и по една срамна одлука со која судијата и наштети на Кашима.

Јапонскиот состав беше оштетен во 90-та минута при резултат 2:2, кога судијата Сиказве се уплаши да му покаже втор жолт картон на Серхио Рамос иако тргна да го направи тоа. До тој момент, натпреваро беше беспрекорен и двата тима понудија навистина убава фудбалска претстава, одбележана од Бензема и Роналдо, односно Шибасаки на спротивната страна кои ги постигна двата гола.

Во дополнителните 30 минути игра, човек на одлука се покажа Кристијано Роналдо, кој само ја комплетираше својата неверојатна 2016 година со хет-трик поставувајќи ги конечните 4:2 во големото финале за петта светска титула за „кралевите“. Реал Мадрид сосема заслужено славеше во продолжението, но сепак дури и мадридските медиуми „Марка“ и „Ас“ потенцираат дека истото тимот на Зидан требаше да ги игра со играч помалку, односно без капитенот Рамос што сигурно ќе променеше многу работи на теренот.

All Goals HD – Real Madrid 4-2 Kashima Antlers… by jason-pitt1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e