(Видео) Несекојдневниот обид на Снодграс заврши со еврогол

Изминатава ноќ стартуваа квалификациите за Светското првенство во Русија кога е во прашање половината од стариот континент, но ако најголем впечаток оставија почетните победи на фаворитите Англија и Германија, голем дел од британските медиуми известуваат дека уште во првото коло е постигнат најчудниот гол во овој квалификациски циклус.

Интересно, репрезентацијата на Шкотска на навистина добар начин ги стартуваше натпреварите од групата со убедлива победа од 5:1 на гостувањето кај Малта, а покрај тоа што беше херој поради постигнатиот хет-трик, Роберт Снодграс се најде во фокусот на медиумите и поради чудниот гол кој го постигна во крајно среќни околности.

Всушност, репрезентативецот на Шкотска во немоќ да прави нешто со топката испрати центаршут во противничкиот шеснаесетник, но на крајот истиот се претвори во еврогол кој навистина нема да може да го повтори и да се обиде уште десет пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e