(ВИДЕО) Милан преку пенали до прв трофеј по 2011 година

Милан го освои италијанскиот Супер куп откако вечерва во Доха го победи Јувентус по подобро изведување пенали. Големите ривали ремизираа 1:1 во регуларниот дел од средбата, а откако тој резултат остана и по додатните 30 минути, победникот беше решен со удари од белата точка.

Кјелини донесе предност за Јувентус во 18. минута, а Бонавентура израмни дваесет минути подоцна за 1:1 кои го одведоа натпреварот на пенали.

Истите стартуваа со промашување на Лападула, но возврати и Манџукиќ кој ја погоди гредата, по што решавачка беше петтата серија. Донарума го одбрани пеналот на Дибала, а Марио Пашалиќ беше сигурен за Милан со што започна и славјето на „росонерите“ во катарската престолнина. За Милан ова е прв трофеј во 2011 година кога исто така го освои Супер купот и тоа предводен од Макс Алегри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e