Најубедливи во синоќешните натпревари за пласман во Лигата на шампионите беа фудбалерите на Борусија Менхенгладбах кои на домашен терен славеа со 6:1 против Јанг Бојс од Швајцарија.
Ѕвезди на вечерта кај германскиот тим беа Хазард и Рафаел кои постигнаа по хет-трик, односно двајцата фудбалери реализираа по три гола.
Руски Ростов го “прегази” Ајакс со 4:1 и се избори за деби во фазата по групи.
По високите 5:0 од гостувањето во Романија, фудбалерите на Манчестер Сити вчера на домашен терен славеа со скромни 1:0 против Стеауа.