(ВИДЕО) „Лисиците“ ја надитрија Севилја за четвртфинале, Јувентус сигурен и во Торино

Фудбалерите на Лестер одново испишаа нова страница во нивната историја и ќе играат во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тие вечерва во еден возбудлив меч славеа со 2-0 над Севилја и со вкупни 3-2 се пласираа меѓу најдобрите осум екипи за оваа сезона во најелитното натпреварување.

Новата бајка на „лисиците“ на „Кинг Пауер“ ја најави капитенот Вес Морган кој во 27 минута ја начна мрежата на Рико. Со овој резултат се замина на паузата по која домаќините одново најдоа начин да стрелаат на вистинското место и тоа во моментите кога Севилја беше подобра на теренот.

Имено  Ескудеро во 54 минута од огромна далечина ја затресе рамката од голот на премиерлигашот за да минута подоцна Олбрајтон зголеми на 2-0 за ерупција на сите навивачи на Лестер.

Во 74 минута гостите останаа без Насри (втор жолт), меѓутоа и покрај тој хендикеп се изборија за пенал во 80 минута. Одговорноста ја презема Н Зонзи, ама поуспешен беше голманот Шмајхел кој ја прочита неговата намера.

До крајот немаше промени и Лестер им се приклучи на Барселона, Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Јувентус.

Токму последниве вечерва само го потврдија својот пласман, па по победата во Португалија со 2-0 сега во Торино го совладаа Порто со 1-0.

Стрелец беше Дибала од белата точка во 42 минута, откако со рака играше ветеранот Переира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e