(ВИДЕО) Инсиње изведе спектакуларен пируета-дриблинг и го излуде дефанзивецот на Фиорентина

Наполи успеа да се пласира во полуфиналето на италијанскиот фудбалски куп, откако вечерва на домашен терен успеа да го скрши отпорот на Фиорентина која потпадна под притисокот во последните 20 минути од средбата на „Сан Паоло“.

Момент на одлука беше погодокот кој го постигна Калјехон во 71-та минута од средбата, но за ова да не биде најубав потег на мечот се погрижи Лоренцо Инсиње кој неколку минути подоцна изведе спектакуларен пируета-дриблинг  со кој го доведе до лудило дефанзивецот на Фиорентина.

Вистинска штета беше тоа што оваа акција не заврши со гол, но ниту тоа не го занемарува фактот дека фудбалерот на Наполи изведе еден од најатрактивните дриблинзи во Италија оваа сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e