(ВИДЕО) Французите со официјална жалба до УЕФА: ПСЖ ги посочи седумте клучни грешки на Ајтекин кои и го овозможија историскиот пресврт на Барса

ПСЖ уште долго нема да може комплетно да се опорави од срамот кој го претрпе на „Камп Ноу“ и историските 6:1 со кои доживеа болна елиминација во осминафиналето на Лигата на шампионите, но играчите на овој тим сигурно уште долго ќе ја паметат и арбитражата на судијата Дениз Ајтекин кој во неколку наврати се најде во центарот на вниманието.

Тиаго Силва, Унаи Емери и Ди Марија беа само дел од претставниците на ПСЖ кои јавно се побунија за арбитражата на германскиот судија, а сега пристигна информацијаа дека францускиот шампион испратил и официјална жалба до УЕФА за потезите кои ги повлекол Ајтекин на фамозниот меч во Барселона.

ПСЖ во својот допис потенцирал 10 грешки со кои Ајтекин имал диерктно влијание во неверојатниот пресврт на Барселона, од кои седум се потенцирани како клучни за конечниот исход на мечот.

1. Пенал од Маскерано во првиот дел: Стоперот на Барселона удри со рака една топка во шеснаесетникот по еден опасен центаршут на Дракслер.

2. Втор жолт картон на Пике: Ајтекин не го исклучи Пике во 41-та минута од мечот после еден влечење на Кавани. Стоперот на Барселона веќе имаше жолт картон и тоа требаше да биде автоматски црвен.

3. Немаше пенал од Мение над Нејмар: Ајтекин не го ни досуди пеналот, тоа го направи неговиот помошник. Мение падна на земјата и не бараше контакт со Нејмар, тој се удри во него.

4. Втор жолт картон на Нејмар: Ајтекин му прости исклучување и на Нејмар при резултат 3:1. Тој требаше да добие втор жолт картон за намерен удар врз Маркињос во шеснаесетникот.

5. Пенал од Пике: При резултат 3:1, Пике удри со рака една топка во шеснаесетникот и спречи центаршутот на Ди Марија да заврши на поопасно место.

pike-raka

6. Пенал од Маскеарно и црвен картон: Маскерано го фаулираше Ди Марија во шеснаесетникот (Хавиер и сам го призна тоа), и требаше да добие црвен поради тоа што беше последен играч во одбраната.

7. Немаше пенал над Суарез: Напаѓачот на Барселона симулираше прекршок во шеснаесетникот и Ајтекин наседна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e