(ВИДЕО) Богдановиќ си поигруваше со синовите на Антиќ, Перо им фаќаше сеир од страна

Перо Антиќ и Богдан Богдановиќ се двајцата кошаркари на Фенербахче кои имаат посебна врска и надвор од теренот, а дека тоа е навистина така најдобро ни потврдува и последното симпатично видео кое стана хит меѓу фановите на социјалните мрежи.

Српскиот кошаркар ги пропушти последните натпревари на Фенер, но затоа сега со необични спаринг-партнери се обиде да се одржи во ритам пред да се врати на терените. Богдановиќ си најде занимација во двата синови на Перо Антиќ, а посебно интересно е тоа што нашиот кошаркар им фаќаше сеир на своите синови додека неговиот соиграч си погруваше со нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ