Ветеранот Илиевски е новото засилување на Работнички

Поранешниот капитен на Македонската кошаркарска репрезентација, Владо Илиевски е најновото засилување на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички.

Илиевски со тимот од Градски парк потпиша на една сезона со можност да го напушти клубот до крајот на календарската година.

Со ова засилување и останатите ветерани во клубот, Марин Докузовски може да се каже дека го собра добар дел од националниот тим кој го освои високото 4-то место на европското првенство во Литванија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e