Венгер го донесе Мустафи во Арсенал

Пукна Милијарда! Изминатата ноќ во светот на фудбалот ке се памети и по тоа што се надмина бројката од една милијарда фунти, пари кои што англиските клубови од Премиер лигата ги потрошија за засилувања во преодниот рок.

Тоа синоќа се постигна со трансферот на Шкодран Мустафи во Арсенал од шпанска Валенсија за 41 милион евра.

Предводникот на Арсенал, Французинот Арсен Венгер ова лето потроши 113 милиони евра во засилувања на Емирати.

Покрај Мустафи, во текот на вчерашниот кој е воедно претпоследен ден од летниот преоден рок, во Арсенал пристигна и Лукас Перез од Депортиво Ла Коруња, за кого топџиите платија 20 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e