Вардар по третпат е првак на СЕХА лигата

Вардар е првата екипа што трипати ја освојува регионалната ракометна СЕХА Газпром лига откако вечерва во финалето во Брест, Белорусија, „црвено-црните“ со 26:21 (11-11) го победија Веспрем.

Ова е прв трофеј сезонава за македонскиот шампион кој атакува на трофеите уште во Лигата на шампионите, домашното првенство и домашниот куп.

По ланското финале кога вардарци несреќно загубија во самата завршница на натпреварот, сега не дозволија во ниту еден момент да бидат надиграни, а уште помалку да му овозможат на ривалот да се понадева дека може да триумфира.

Вардар е единствениот тим што овие сезони успева да го победи Веспрем, не само во Скопје, туку и на неутрален терен и да му „украде“ и бодови во Унгарија.

Арпад Штербик беше одличен на голот со 15 одбрани. Најефикасни беа Дибиров и Кањељас со по пет гола, додека Марсениќ постигна 4. Најпрецизен во составот на Веспрем беше Илиќ со 5 погодоци.

Третопласиран тим е Мешков Брест.

Четворица вардарци се во ол стар тимот, а Жоан Кањељас е МВП на финалниот турнир на СЕХА Газпром лигата.

Ол стар тим на Ф4 турнирот:

голман – Мирко Алиловиќ
лево крило – Тимур Дибиров
десно крило – Иван Чупиќ
пивотмен – Андреас Нилсон
лев бек – Вуко Борозан
среден бек – Жоан Кањељас
десен бек – Дајнис Криштопанс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e