Вардар ја освои Лигата на шампионите!

Најголемиот успех во клупската историја и воопшто на македонскиот машки ракомет, денеска го постигнаа ракометарите на Вардар.

Македонскиот шампион Вардар е нов европски првак во ракомет, откако го совлада ПСЖ со 23-24 (12-11).

Најкорисен играч во македонската екипа беше голманот Арпад Штербик, кој го заврши финалето со 11 интервенции.

Славјето на македонскиот шампион го донесе Иван Чупиќ со гол во последната секунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e