Ван Бастен ги откри десетте луди идеи на ФИФА кои ќе направат голема револуција во фудбалот!

Легендарниот Марко Ван Бастен од пред извесно време е главен директор на ФИФА за технички развој во фудбалот, а комплексноста на неговата функција носи со себе и разгледување на нови идеи и предлози за подобрување на најважната споредна работа во светот.

Холанѓанецот е многу важен дел од проектот на Џани Инфантино за модернизација и револуција во фудбалот, а сега во своето последно ексклузивно интервју за „Спорт Билд“ ги откри десетте идеи на ФИФА, кои ако се спроведат на дело, дефинитивно ќе ја променат сликата и ќе направат голема револуција во фудбалот.

Гледано реално, поголем дел од идеите се навистина луди, бидејќи едните доаѓаат од сферата на хокејот, други од кошарката, а трети од рагбито…

   1.Заменување на пеналите со таканаречени „слободни способности“

– Идејата е да не се играат пенали. Ќе станува збор за пресметка лице в лице меѓу голманот и противничкиот играч, со тоа што играчот ќе биде оддалечен 25 метри од голот и ќе има осум секунди да испрати удар. Голманот не смее да го напушти шеснаесетникот, а секој тим би имал по пет обиди.

 2. Отстранување на офсајд ситуациите

–  Фудбалот се почесто личи на ракомет. Лично, имам навистина голема желба да видам како ќе функционира фудбалот без офсајди. Примерот со хокеј на трева е интересен. Играта ќе биде многу поатрактивна, напаѓачите ќе имаат многу повеќе шанси и ќе постигнуваат повеќе голови. Фановите ќе го сакаат тоа.

  3. Исклучувања како во ракометот

– Наместо жолтите картони, да се покажуваат неколкуминутни казни. Казните да имаат важност од пет до десет минути. Така ќе избегнеме некои тимови да играат цел меч 10 на 11.

    4. Исклучувања како во кошарката

– Една од идеите е правилото што се практикува во кошарката. Еден играч може да направи пет прекршоци, а после да го напушти теренот.

    5. Правило како во рагбито околу протестите

– Мора да им се даде повеќе простор за дишење и работење на судиите. Само капитенот треба да има право да се зборува со судијата, не сите играчи од тимот да се нафрлуваат.

   6. Да нема застанување на играта во последните 10 минути

– Како солуција на загубеното време поради наводни повреди, ФИФА ја разгледува опцијата како последните 10 минути од натпреварот да бидат ефективни и без прекин на играта.

    7. Да се намали бројот на официјални натпревари

– Проблемот не смеат да бидат парите, во фудбалот ги има премногу. Мора да се концентрираме на добрата игра и мора да ги намалиме официјалните натпревари од 80 на 50.

 8. Промени во играта

– Ги гледаме сите опции како може да се промени фудбалот од играчки аспект. Сепак, најпрво тоа би го направиле во пониските лиги како тест. За такво нешто е потребна консултација и со судиите.

   9. Дополнителни замени

– Станува збор за дополнителни една до две замени во продолженијата. Тоа би било добро за играчите.

   10. Поголема поддршка на фудбалот 8 на 8 (кој се практикува во колеџите и школите ширум светот)

– Таа идеја е веќе започната и почна да се практикува во пониските лиги во Шпанија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e