Судот за спортска арбитража последна шанса за Адеми

Според пишувањата на медиумите од Хрваска, наредниот месец Судот за спортска арбитража ќе го разгледа случајот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Фудбалерот од средниот ред 11 месеци е надвор од фудбалските терени откако падна на допинг тест на натпреварот против Арсенал во Лигата на Шампионите.

УЕФА немаше милост за Аријан Адеми и го казни со 4 годишна суспензија.

Европската куќа на фудбалот не го промени ставот ни по жалбата на Динамо Загреб, популарните „Модри“ како доказ понудија анализа од две независни лабаратории кои потврдуваат дека играчот бил позитивен бидејќи легалниот суплимент кој го користил бил контаминиран по грешка на производителот.

Според пишувањата на медиумите од Хрватска, УЕФА не сакала во целост да го сослуша Аријан Адеми на жалбата, па Судот за спортска арбитража е последната шанса за македонскиот репрезентативец.

Се говори дека Судот од Лозана следниот месец ќе го разгледа случајот на Аријан Адеми, но во моментов нема официјална потврда.

„Има најави дека на почетокот од октомври целиот случај може да биде разгледан од Судот за спортска арбитража” – вели генералниот директор на Динамо, Томислав Светина.

Извор 24 фудбал

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e