Судот во Лозана ја намали суспензијата на Аријан Адеми

Аријан Адеми конечно ја дозна одлуката на Спортскиот арбитражен суд во Лозана и според истата доби половично позитивна вест за својата фудбалска кариера.

Според одлуката на највисоката инстанца за ваквите случаи, суспензијата поради допинг на македонскиот репрезентативец е намалена од четири на две години, што сепак е поповолна варијанта од првичната казна која ја додели УЕФА и која беше претерано ригорозна и најголема дотогаш за користење допинг.

Фудбалерот на Динамо Загреб беше суспендиран откако имаше позитивен допинг тест за користење на супстанцата танозол на натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал. Адеми преку лабараториски тестови докажа дека примерокот на урина бил контаминиран и тој никогаш не користел допинг, а по неколку одложувања на соопштување на конечната одлука, последната судска инстанца реши да ја намали неверојатно жестоката суспензија од четири на две години.

Според ова, Адеми ќе може да се врати на тренинзите на својот клуб во октомври, односно по почетокот на следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e