Стојановска и Костадиновски победници на Државното младинско поединечно првенство во пинг-понг

Ана Стојановска од ППК Крива Паланка-Крива Паланка и Филип Костадиновски од УГД Студент-Штип и двајцата од Крива Паланка се апсолутни победници во своите категории на 25 Државно поединечно младинско првенство во пинг понг одржано во Прилеп во организација на Пинг-понгарската федерација на Македонија и ППК Младост96 од Прилеп.

Стојановска од ППК Крива Паланка од Крива Паланка без ниту еден пораз стигна до титулата Државен младински поединечен првак откако во финалето ја совлада Бојана Михајловска од ППК Рисови од Скопје со резултат 4-3 и со тоа таа стана најмлада победничка на едно младинско државно првенство. Исто така таа стана Државен младински првак и во парови откако заедно со Ива Димитриевска од ППК Куманово славеа со 3-2 над Бојана Михајловска од ППК Рисови од Скопје и Катерина Даова од ППК Радовиш од Радовиш.

44

22

4545

Филип Костадиновски од ППК УГД Студент од Штип без ниту еден пораз стигна до титулата Државен младински поединечен првак во пинг-понг во сезоната 2016/2017. Најпрвин освојувајќи го првото место во својата група а подоцна и во фазата на елеминации стигна до финалето каде со максимален резултат од 4-0 го победи Методија Бужаровски од ППК Рисови од Скопје. Филип стана и Државен младински првак во парови откако заедно со Александар Рикаловски од ППК Младост96 од Прилеп славеа со 3-1 над Методија Бужаровски од ППК Рисови од Скопје и Дамјан Стојчев од ППК Шампиони ФА од Штип.

1212

33

00

Видно задоволни од постигнатиот успех на двајцата пинг-понгари Ана Стојановска и Филип Костадиновски нивните тренери Виорел Уце и Ване Барбареев очекуваат продолжување на успесите и понатаму во сезоната како на клупски план така и поединечно во својата категорија како и на настапите на следните две првенства -сениорско поединечно првенство на 06-07 Мај и сениорското поединечно првенство до 21 година на 28 мај. Исто така забележителен резултат очекуваат и на престојното балканско првенство кое ке се одржи во Албена Бугарија од 06 до 10 јуни 2017 година.

Резултати од Државно Младинско поединечно првенство на Македонија:

Младинци:

1.Филип Костадиновски ППК УГД Студент-Штип

2.Методи Бужаровски ППК Рисови-Скопје

3.Александар Рикалоски ППК Младост96-Прилеп

Младинки:

1.Ана Стојановска ППК Кр.Паланка-Кр.Паланка

2.Бојана Михајловска ППК Рисови-Скопје

3.Ива Димитриевска ППК Куманово-Куманово

Младинци двојки:

1.Филип Костадиновски-Александар Рикаловски

2.М.Бужаровски-Д.Стојчев

3.Т.Јованов-Ф.Божиновски 3.А.Иванов-А.Пецов

Младинки двојки:

1.Ана Стојановска-Ива Димитриевска

2.Михајловска-Даова

3.Богоеска-Ристеска 3.А.М.Димитрова-Јокиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e