Шпанија и Словенија со победи за заеднички двобој за финале

Шпанија ја оствари и седмата победа по ред на Европското кошаркарско првенство чија завршница се игра во Истанбул, со што стана и првиот полуфиналист на ова натпреварување.

„Црвената фурија“ вечерва ја совлада Германија со 84:72 во натпревар кој беше израмнет во првиот дел (33:34), но во третиот и четвртиот период фаворитот го оправда приматот, Шпанија рутински се одлепи и без проблеми до крајот, го потврди триумфот против Германија.

Реализаторски предводници на Шпанците беа браќата Марк и Пау Гасол кои постигнаа 28, односно 19 поени, додека на спротивната страна вообичаено најдобар поединец беше Шредер со 27 поени.

Противник на Шпнија во првото полуфинале на Европското кошаркарско првенство ќе и биде Словенија која за пласман меѓу најдобрите четири селекции се избори со триумф над незгодната Летонија со резултат 103:97.

Натпреварот донесе многу различни периоди за двете селекции, па иако Словенија по првите десет минути водеше со 34:23, на полувреме имаше предност од само 55:51, што беше најава за возбудлив втор дел.

Следеше нова серија на Словенците за 76:66 по третиот период, но Летонија не само што не се откажа туку стигна до 81:79 и 93:92 во последната четвртина и пропушти можност за водство. Сепак расположените Драгиќ и Дончиќ не дозволија целосен пресврт и во финишот ја задржаа предноста на словенечкиот национален тим кој во полуфиналето ќе има сериозен испит против фаворизираната Шпанија.

Најефикасни беа Дончиќ со 27 и Драгиќ со 26 поени беа најефикасни во редовите на победникот, додека на спротивната страна Порзингис постигна дури 34 поени.

Денеска во вторите четвртфинални натпревари играат Грција – Русија ( 17.45ч.) и Србија – Италија (20.30ч).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e