Шпанија вчера во дуелот со олимпискиот шампион Данска во рамките од третото коло во Д групата во Вараждин настапи без двајца многу важни ракометари. Хулен Агинагалде беше заменет со Јосу Гони, заради проблем со грбот.

Селекторот Рибера го загуби и дефанзивниот столб Гедеон Гвардиола, чија повреда е уште посериозна. После првиот натпревар со Чешка, Анхел Фернандез поради повреда беше заменет со Аитор Арињо.

Во таборот на „црвената фурија“ не владее преголем оптимизам и околу здравствената состојба на Агинагалде, кој најверојатно ќе го пропушти мечот против Македонија.