Шкендија денеска пред историски успех за пласман во Европа лига!

Шкендија е пред историска шанса да стане првиот македонски клуб кој обезбедил пласман во групната фаза на едно европско натпреварување, но за да дојде до таков успех, тимот од Тетово мора да го победи Гент на „Филип Втори“ и да ја анулира минималната негатива од 2:1 со која се врати од гостувањето во Белгија.

Избраниците на Бруно Акраповиќ ќе мора да се прикажат во светлото во кое играа на домашен терен против екипите на Краковија, Нефчи и Млада Болеслав,нешто што посебно го истакна и капитенот Ферхан Хасани кој секако е вистински лидер на теренот кога се во прашање тетовските „црвено-црни“.

– На првиот натпревар во Белгија покажавме дека можеме да се носиме со големи екипи. Имаме шанси да победиме и да оствариме историја, но само ако одиграме како на претходните натпревари на домашен терен. За да го оствариме тоа, потребна ни е помош од навивачите. Верувам дека заедно ќе успееме, – изјави капитенот на денешната прес-конференција на која исто така ја искоментира ветената премија од страна на газдата Лазим Дестани во висина од половина милион евра.

– Ниту една премија не е поголема од тоа да се пласираме во групната фаза на Лигата на Европа. Тоа е најголемата премија која можеме да ја добиеме од утрешниот натпревар, – посочи Хасани пред мечот кој се игра денеска со почеток од 20:00 часот.

Извор Дерби(линк)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e