Седма европска титула за Норвешка

Норвешката женска ракометна репрезентација ја победи Холандија со 30:29 во финалето на Европското првенство во Шведска, обезбедувајќи ја својата седма европска титула или шеста од 2004 година наваму.

Резултатот на полувремето (15:15) гарантираше возбудлив втор дел во Гетеборг, но Норвежанките успеаја да се одлепат и да поведат со 26:21, со што најавија дека сакаат да го повторат финалето од Светското првенство каде исто така ја победија Холандија.

Водството од 30:27 на три минути до крајот сепак не беше доволно за рутинска победа на Норвешка, бидејќи Холанѓанките стигнаа до 30:29, но немаа можност да извлечат продолженија за нова шанса за триумф против фаворизираниот противник.

Морк постигна дури 12 гола за победничката селекција, а беше следена од Фрафјорд со 5 и Херем со 4 гола, додека кај Холандија Снелдер го заврши натпреварот со 6 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e