Се повлекува и Ивица Коневски

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, целосно се повлекува од актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром односно во иднина воопшто нема да се меша во работата на клубот, дознава „Спорт 1“ од извори блиски до човекот кој со години наназад е алфа и омега во тимот од „Јане Сандански“.

Првиот аеродромец за својата одлука веќе ја известил управата на клубот, пред сѐ со цел да се создадат услови за враќање на навивачката група „Фемили“ на трибините, која тоа го условуваше со неговото повлекување од таборот на „металците“. Оддалечувањето на Коневски од клубот воедно не значи дека и општината ќе престане да го финансира МЗТ Скопје, туку договорот за донации ќе продолжи и во следниот период. Истовремено, средствата кои тој ги обезбеди за претстојната сезона од разни спонзори ќе продолжат да се влеваат во клупската каса. Коневски никогаш немал официјална функција во МЗТ Скопје, но неговата заинтересираност секогаш било како прв човек на општината која и формално е сопственик на МЗТ Скопје.

Извор: Спорт1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e