Роналдо: Ќе ја завршам кариерата во Реал на 41 година

Најдобриот фудбалер во Европа, Кристијано Роналдо изјави дека би сакал да игра до 41 година, а кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.

– Играм во најдобариот тим во светот, и во него сакам да ја завршам кариерата на 41 година. Нормално е дека  со активна игра сакам да завршам во Реал Мадрид, бидејќи тој е најдобриот клуб. Мојата намера е да се продолжам договорот со клубот што го сакам. Сакам да  играм на исто ниво како и до сега и работам напорно на тоа – изјави Роналдо.

Португалецот вчера беше избран за најдобар играч на Стариот континент во текот на изминатата сезона, откако со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, а со националниот тим, европската шампионска титула.Наградата ја освои во конкуренција на соиграчот од Реал Мадрид ,Герет Бејл и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e