Репрезентативецот си заминува од Манхајм: Манасков се договори со еден од најдобрите клубови во Европа

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков од наредната сезона ќе го гледаме во нова средина и тоа надвор од Германија.

Имено нашете крило минатото лето од Вардар се пресели во Рајн Некар Левен, клуб во кој во оваа кампања и не ги доби потребната минутажа и шанса, па тој реши да повлече нов потег во обидот да си ја врати кариерата на вистинска патека. Според информациите на специјализираниот сајт за ракомет „Хандбал Планет“, нашиот Деки се договорил со унгарскиот гигант Веспрем.

Тој ќе биде едно од засилувањата на новиот тренер на Веспрем, Љубомир Врањеш заедно со Французите Акамбре и Мае и Тонесен од Норвешка. Договорот на крилото ќе биде со важност од една година, а негова конкуренција ќе биде Кристијан Угалде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e