Предвидување со комплетна табела: Кој има најголеми шанси за титулата во Премиер лигата

Англиската Премиер лига секогаш се прати со посебно внимание, бидејќи возбудувањата се загарантирани, особено во оваа кампања која многумина ја опишаа како историска, како неверојатна, а тоа веќе се реализира.

Веќе се одиграни 11 рунди по кои (не)очекувано лидер на табелата е составот на Ливерпул кој максимално ја користи слободата и неиграњето во европските купови, па со вкупно 8 победи или со 26 бода е на врвот пред Челси кој има бод помалку на своето конто.

И „сините“ исто така максимално го користат полабавиот распоред и со низа на победи покажаа силни амбиции за највисок пласман. Првата петка ја заокружуваат Манчестер Сити и Арсенал (24), односно Тотенхем.

Со одличните резултати во првата половина „црвените“ ги разбудија надежите на клубот, на своите фанови дека можат за прв пат да ја освојат Премиер лигата во овој формат и да ја прекинат серијата од 26 години без трофеј во најсината англиската конкуренција.

Дека тоа ќе се оствари предвидува Еуро Клуб Индекс-компанија која се занимава со фудбалска статистика. Имено шансите за пулените на Клоп да бидат шампиони се 25,4 проценти, додека пак малку послаби од нив се Манчестер Сити со 24,8 и Арсенал со 24 проценти.

Шансите пак на пример Манчестер Јунајтед да триумфира во ПЛ се проценети на само 1,8 проценти.

untitled

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e