Пречек на ракометарите на Македонија до 21 година

Ракометарите на Македонија до 21 година пристигнаа во Скопје, по одличниот резултат на Светското првенство во Алжир – освоеното 6 место.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со претставници на Ракометната федерација на Македонија ги пречакаа ракометарите на Аеродромот во Скопје и им честитаа за постигнатиот успех.

Големо е задоволството и кај селекторот, Илија Темелковски, кој со својата стручност и искуство ги предводеше момците кон овој резултат.

Во разговор со ракометарите и во изјава за медиумите, Каевски напомена дека мора да се вреднува овој резултат на ракометарите.

Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржи дополнително ракометарите, со цел да продолжат со контиунираните резултати. Само така ќе покажеме вистинска грижа кон спортот, изјави Каевски.

20431228_1539052389449697_1203051412497321038_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e