Полицијата добила специјална подготовка за дуелот меѓу Мурињо и Гвардиола

По десетдневната пауза поради квалификациите за Светско првенство во Русија, најдобрите светски лиги ќе продолжат со предвидената програма претстојниот викенд, во кој повеќе од сигурно во центарот на вниманието ќе биде големото манчестерско дерби меѓу Јунајтед и Сити.

Лутите градски ривали ќе ги одмерат силите во првиот саботен термин во Премиер лигата (13:30 часот), а покрај традиционалната нетрпеливост, овој дуел сега ќе има уште поголемо значење и поради актуелната ситуација на клупите.

Познато е дека Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола имаат оставено огромно ривалство зад нив од времето во Реал Мадрид и Барселона, па и претходно кога Португалецот беше дел од Интер, а сега истото ќе биде обновено, и тоа ни повеќе ни помалку, туку со пресметка на „Олд Трафорд“.

Фудбалската асоцијација на Англија веќе го окарактеризира овој натпревар како меч од висок ризик, поради што е ангажиран голем број на полицајци, или поточно 400. Интересно е тоа што секој од 400-те полицајци кој ќе се бидат на теренот овој пат ќе имаат и специјална подготовка, односно ќе бидат запознаени со големото ривалство и нетрпеливоста од минатото која постои меѓу Пеп и Жозе.

– Се надеваме дека се ќе пројде во најдобар ред и дека ќе нема масовни нереди. Не ни е потребен дополнителен елемент на ризик, па полицајците имаа специјална подготовка и сега се запознаени со приказната за Мурињо и Гвардиола. Нивните лични односи можат да ја подигнат тензијата, а тоа е дел од подготовката која ја имаат сите полицајци за овој меч, – истакнал портпаролот на полицијата во Манчестер.

Извор Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e