Победнички танц на „кралевите“ во Кардиф: Реал ја одбрани титулата за нова историја во ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид се старо-нов шампион во Лигата на шампионите, а со тоа воедно испишаа нова историја во ова натпреварување. „Кралевите“ вечерва во Кардиф го преслушаа со 4-1 италијанскиот гигант Јувентус и на тој начин станаа првиот кој го одбранил пехарот во овој формат.

Првите 45 минути воопшто не најавуваа оти Реал ќе дојде до ваква убедлива победа со оглед на тоа што се водеше изедначена борба и резултатот беше 1-1 со головите на Роналдо во 20 и супер-мајсторијата на Манџукиќ во 27 минута.

Меѓутоа во вторите 45 минути постоеше само една екипа на теренот, четата на Зинедин Зидан доминираше и таа своја игра ја награди со три погодоци. Касемиро и Роналдо во 61 и 64 минута донесоа огромна радост за Реал за да во последните секунди точка стави резервистот Асенсио.

За клубот од шпанската престолнина ова е 12 европски пехар, додека за Јуве 7 пораз во големите финалиња, а можеби со ова воедно беше испуштена и последната шанса големиот Џиџи Буфон да се заките со медал и да го подигне трофејот кој му недостасува во импресивната кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e