По трансферот на Оскар: Кинезите подготвуваат нова сензација, овој пат на мета е голема ѕвезда на Манчестер

Челси го продаде Оскар за нешто повеќе од 60 милиони евра на Шангај и направи неверојатна зделка со оглед на тоа што Бразилецот беше стандардна резерва во составот на Антонио Конте, но додека одговорните луѓе на лондонскиот клуб сигурно триеја раце од оваа зделка, со сериозно предупредување излезе менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Искусниот француски менаџер истакна дека милионите од Азија се голема закана за англискиот фудбал, а сега медиумите од Островот најавуваат дека уште неколку ѕвезди од Премиер лигата се на радарот на неколку кинески клубови, од кои сепак една посебно се издвојува.

Според влијателните медиуми во Англија, Вејн Руни на маса има сензационални понуди од два клуба кои се натпреваруваат во кинеската прва фудбалска лига, со тоа што станува збор за договори кои ќе му донесат повеќе од двојна заработка од тоа што сега го прима како неделна плата на „Олд Трафорд“.

Капитенот на Јунајтед во овој момент заработува 300 илјади фунти неделно, но Гвангжу и Пекинг Гоан сакаат да го примамат за трансфер во Кина со тоа што му нудат сензационални и луди 700 илјади фунти седмично.

Оваа вест стана топ тема во Британија ова утро, со тоа што добар дел од медиумите пренесуваат дека овој голем трансфер може да биде одложен за летниот преоден рок, а како причина за тоа се наведува големиот подвиг пред кој се наоѓа Руни, односно минувањето на митскиот рекорд на Сер Боби Чарлтон како најдобар голгетер во историјата на Јунајтед (Руни во овој момент има 248, еден помалку од легендарниот Сер).

Извор: Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e