Плусинфо:Ерменецот Барсегјан е ново засилување за ФК Вардар

Македонскиот фудбалски првак Вардар од денеска има уште едно засилување за новата сезона. Официјално ерменскиот интернационалец Тигран Барсегјан го стави потписот на договорот со Вардар кој е во траење од една година, со можност да биде продолжен на уште една.

Барсегјан беше дел од екипата на Вардар и на подготовките во Хрватска. Откако беа завршени сите формалности договорот беше официјализиран. Барсегјан игра на повеќе позиции во тимот, но првично офанзивен крилен играч.

Тигран Барсегјан има 22 години, а има играно за Гандзасар, Банантс и за Мика, а сега ќе го носи дресот на македонскиот шампион. Новото засилување на Вардар е и ерменски репрезентативец и има три настапи за репрезентацијата и постигнато еден гол.

Целосниот текст можете да го прочитате тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e