Пике нема да оди на свадбата на Меси. Еве зошто

Неизвесно е дали сооиграчот на Меси, Жерард Пике ќе може да присуствува на неговата свадба.

Лионел Меси на 24 јуни ќе се жени со неговата долгогодишна девојка со која има два сина, Антонела Рокуцо.

Причината е вистинска сапуница. Имено, сопругата на Пике, Шакира наводно не може да ја поднесе Антонела и веќе ја одбила поканта, извинувајќи се со изговор дека има други обврски.

Тие две „не се мирисаат“, затоа што Антонела е пријателка со поранешната девојка на Пике, Нурија Томас, со кој беше во врска пред да ја запознае Шакира, пишува „Сан“.

Иако поканата за сега службено ја одби само Шакира, некои шпански медиуми веќе пишуваат дека на свадбата сигурно нема да се појави ниту Пике.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e