Олимписки игри: Рафаел Надал и Марк Лопез први во двојки!

Шпанските тенисери Рафаел Надал и Марк Лопез го освоија златниот олимписки медал во конкуренција на двојки.

Тие до олимпиското злато стигнаа со победата во финалето над романскиот тандем Хориа Течау и Флориан Мергеа во три сета со 6-2, 3-6, 6-4.

За Надал ова е второ највисоко одличје на пиедесталите, откако во Пекинг 2008 година беше прв во поединечна конкуренција. Некогаш најдобриот светски тенисер ќе има можност да освои и втор медал, бидејќи веќе обезбеди полуфинале во поединечна конкуренција.

Во дуелот за бронзениот медал Американците Стив Џонсон и Џек Сок беа подобри од Ваниел Нестор и Васек Посписил од Канада совладувајќи ги со 2:0 по сетови 6-2 и 6-4.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e