Одложениот натпревар помеѓу Сити и Менхенгладбах ќе се одигра вечерва

Откако поради силните и обилни дождови, беше одложен натреварот помеѓу Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах, од УЕФА соопштија дека англискиот и германскиот тим силите ќе ги одмерат вечерва.

Натпреварот ќе се одигра во исто време кога ќе започнат и останатите дуели од Лигата на шампионите, во 20:45 часот.

Во оваа група се и Барселона и Селтик кои играа вчера. Шпанскиот тим беше супериорен и победи со високи 7:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e