На 5 септември во Скадар македонската сениорска репрезентација ќе ѝ гостува на Албанија во 1. коло од квалификациите за Светското првенство 2018.
Селекторот Игор Ангеловски денеска го објави списокот на репрезентативци за овој дуел.
На списокот се најдоа 18 играчи:
Голмани:
Костадин Захов и
Столе Димитриевски.
Одбрана:
Ванче Шиков,
Леонард Жута,
Кире Ристевски,
Стефан Ристовски и
Даниел Мојсов.
Среден ред:
Милован Петровиќ,
Остоја Стјепановиќ,
Стефан Спировски,
Никола Ѓорѓев,
Езгијан Алијоски,
Ферхан Хасани и
Агим Ибраими.
Напад:
Горан Пандев,
Иван Тричковски,
Илија Несторовски и
Бесарт Ибраими.
Првичниот собир на репрезентацијата е закажан за 29 август во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.