Нè надмина и Косово – Македонија со најлош ранкинг во историјата!

Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пад на најновата ФИФА ранг-листа и сега сме на 166. позиција, а загрижувачки е фактот што пред нас е и селекцијата на Косово, која од неодамна стана член на светската фудбалска асоцијација. Ова за македонската фудбалска репрезентација е најлош пласман во својата историја.

На оваа листа, Македонија е во друштво на Кувајт, Индонезија, Нова Каладонија, Непал…, што е факт кој нè загрижува, бидејќи македонскиот фудбал дојде рамо до рамо со вакви држави кои се тотални фудбалски анонимуси.

Од селекциите кои се наоѓаат во нашата квалификациска група послаб е само Лихтенштајн кој е на 184. место. Најдобра е селекцијата на Шпанија која е десетта, Италија е 15., Албанија е на 54. место, додека Израел е 56.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e