Најпознатиот платен убиец на Пабло Ескобар со порака до Суарез и Кавани

Добро познато е дека за фановите во Јужна Америка фудбалот е многу повеќе од игра и забава, а репрезентативците на националните селекции имаат епитет на вистински идоли и херои кои се должни на секој натпревар да го дадат својот максимум.

Едни од најфанатичните и најлуди навивачи од овој дел од светот, а сега токму од овие простори пристигна една неочекувана порака за репрезентативните напаѓачи Единсон Кавани и Луис Суарез.

Имено, поранешниот платен убиец на починатиот нарко дилер Пабло Ескобар, Хаиро Веласкез Васкер одлучи да им се обрати на славните Уругвајци и преку социјалните мрежи да им порача колку ги почитува и сака.

– Здраво, јас сум Хаиро Веласкез Васкез, Попај, личниот платен убиец на Пабло Емилио Ескобар Гавирија. Сакам да испратам силен поздрав до уругвајската фудбалска репрезентација и шампионите Луис Суарез и Единсон Кавани. Нека ја примат сета моја љубов, респект, вие сте силата на вашите луѓе, гордоста на вашите луѓе во Уругвај. Од Меделин, Колумбија, сакам да им честитам што се такви големи борци. Прифатете ја сета моја љубов и респект од овие улици. Големи прегратки, – гласи пораката на најпознатиот платен убиец во Јужна Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e