Мурињо го пронајде првиот „крт“ во Јунајтед, сега го бара главниот предавник

Жозе Мурињо досега во својата фудбалска кариера водеше навистина многу големи и важни тимови, но она што најчесто му се случуваше во било која средина е да има одредени недоразбирања со фудбалери кои ги издаваат информациите од соблекувалната.

Тоа најпрво му се случи во Реал, продолжи и во неговата втора етапа како предводник на Челси, а пред одредено време го доживеа и во Јунајтед, поточно на мечот со Зорја во Лигата на Европа. Мурињо остана шокиран откако увиде дека противникот предвреме ја дознал неговата точна формација и играчите со кои ќе настапи, па оттогаш, ја започнал својата потрага по кртот.

Интересно, голем дел од англиските медиуми денеска пренесоа информација поврзана токму на оваа тема, според која менаџерот на Манчестер Јунајтед ја завршил првата фаза од пронаоѓањето на главниот виновник. Имено, Мурињо го „фатил“ првиот „крт“ која ја споделил информацијата до медиумите, а тоа бил еден фан на Јунајтед кој имал договор со клубот правовремено да ги добива поважните информации за неговиот омилен тим.

Според „Сан“, Мурињо го лоцирал фанот и го предупредил повеќе да не го прави тоа, а сега нему му преостанува да го пронајде „кртот“ во соблекувалната кој инаку ја продефилирал неговата формација која секојдневно ја воигрувале на тренинзите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e